При напад на село во Буркина Фасо убиени сто цивили и запалени нивните домови

– Вооружени лица убија 100 цивили во напад врз село во северниот дел на Буркина Фасо, соопшти владата на таа африканска земја.

„Напаѓачите го извршиле нападот синоќа и ги убиле жителите на селото Солхан, а нивните домови ги  запалиле“, се додава во соопштението.

Владата ги означи напаѓачите како терористи.

Други детали сè уште не се објавени.

Back to top button
Close