При полициска контрола приложил фалсификувана возачка дозвола
Кривична пријава е поднесена против 35-годишен жител на Виница, откако при полициска контрола во Штип било утврдено дека приложил фалсификувана возачка дозвола.

СВР Штип поднело пријава против Ј.К. (35) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „фалсификување на исправа“.
Случајот бил откриен на 14 јуни 2026 година на улицата „Брегалничка“ во Штип. При извршена контрола на документацијата, полициските службеници констатирале дека пријавениот им приложил фалсификувана возачка дозвола.






