При влез во општинската зграда во Дебар, мора да има заштитна маска а се мери и температура

Од денеска секое лице, независно дали е вработен или странка, кое сака да влезе во зградата на локалната самоуправа во Дебар, е контролирано дали носи заштитна маска а му мери и телесна температура.

Вакво нешто градоначалникот Хекураn Дука, кој раководи и со општинскиот оперативен штаб најави на петочната прес-конференција, на која уште побара тоа да го применуваат и сите други институции.

– На ова подлежи секој вработен во општинската администрација, оние на подрачните единици на министерствата и другите државни агенции и органи, кои просторно сместени во зградата, како и секој граѓанин кој за која било потреба ќе влезе во зградата на општина Дебар. Препорачуваме и другите институции да ја практикуваат истата превентивна мерка, велат од општинскиот оперативен штаб.

Додаваат дека обврска е на чуварската служба и на онаа за обезбедување да легитимира секоја странка со водење список, а обезбедувањето да ја координира секоја средба меѓу граѓанинот и службеното лице.

– Овие мерки ги преземаме поради последната состојба со проширувањето на вирусот и со цел спречување на неговото проширување. Затоа ги замолуваме сите да придржуваат кон оваа регулатива а граѓаните за разбирање, додаваат од штабот.

Во општина Дебар, која беше прво жариште на опасниот вирус во државата, по цели 50-есет дена, во петокот, на петти овој месец, беше регистриран нов случај. Во изминатите два дена нема ново заразени, а според полициската статистика во самоизолација 30 лица .

Back to top button
Close