Прием за младите каратисти кои освоија медали на Европското првенство во Тампере
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски денеска ќе организира прием за младите каратисти кои освоија медали на 48. Европско првенство во Тампере.
По приемот на кој ќе присуствуваат и селекторите, предвидена е прес-конференција на Карате федерацијата на Македонија.
Младите каратисти освоија четири медали – еден златен, два сребрени и еден бронзен, што е еден од најголемите успеси на младинските првенства.







