Прием за олимпиецот Нуров во Македонската куќа на спортот

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за македонскиот борач Магомедгаджи Нуров по повод обезбедената олимписка норма за Игрите во Токио.

Најдобриот македонски борач избори настап на претстојната летна Олимпијада во јапонската престолнина со освоениот бронзен медал на Светското првенство во борење слободен стил што се одржа во Казахстан.

Нуров засега е вториот македонски спортист, по таеквондистот Дејан Георгиевски, што ќе настапи под македонското знаме на Игрите закажани од 23 јули до 8 август во Токио.

Back to top button
Close