„Приказната за Силјан“ на Котевска не успеа да влезе во топ 15 филмови во трката за „Оскар“

И покрај позитивните прогнози, документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска не успеа да се пласира во најдобрите 15 документарни филмови во трката за „Оскар“.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денеска ја објави листата на потесен избор на филмови кои ја продолжуваат трката сè до последните финални номинации кои ќе се објават на 22 јануари 2026 година, меѓу кои изостанува „Приказната за Силјан“.

„Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот, и поради поддршката што ја добиваме јас и филмот од целата нација. ‘Силјан’ станува значаен и гласен, а тоа е најдлабоката поента на едно филмско дело“,порача режисерката Тамара Котевска.

„Приказната за Силјан” беше квалификуван во две категории – најдобар странски филм и најдобар документарец. Во септември годинава документарецот на Котевска беше откупен од „Нешнал џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films), еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци, а доби и голем број награди и номинации на релевантни филмски фестивали во светот.

Back to top button
Close