Прилеп официјално бара настава со физичко присуство во две основни и во средните стручни училишта

Прилеп и официјално до владината комисија го достави барањето за дозволување настава со физичко присуство во две основни и во средните училишта, освен до трето одделение. Општинскиот совет го овласти, а градоначалникот Илија Јованоски го достави ова, дополнително барање, по она за настава со физичко присуство до трето одделение.

– Веднаш штом со одлука советот ме овласти, до владината комисија го доставив барањето. Ова е дополнително, по она за настава со физичко присуство до трето одделение. Во ОУ „Кире Гаврилоски“ се бара настава со физичко присуство до деветто одделение, во ОУ „Гоце Делчев“ од четврто до 6-то одделение, во средното економско „Кузман Јосифоски Питу“ се бара целодневна настава зашто ги исполнуваат условите, во гимназијата „Мирче Ацев“ се бара настава со физичко присуство за учениците од прва година. Четирите сручни училиште бараат феријалната, практична настава да се одвива со физичко присуство. Се надевам набрзо ќе добиеме одговор и ќе може да се следи наставата. Ние ќе постапиме според она што ќе го реши Комисијата, изјави Јованоски.

Според Јованоски Прилеп е меѓу првите градови кој го достави ова дополнително официјално барање. Наложено е сите градоначалници во земјава прво да добијат овластување од општинските совети за да достават барања до Комисијата која одлучува.

Како што вели директорот на средното стручно училиште „Орде Чопела“, Анета Пејоска, стручните училишта се подготвени и според протоколот имаат услови за наставата со физичко присуство.

– Ги исполнуваме условите. Постојат протоколи кои ги добивме од министерството за образование. Ние сме подготвени. Има алгоритам како да се однесуваме доколку се појави случај на заболен од Ковид-19. Имаме соба за изолација во училиштето, вели Пејоска.

Тони Свеќароски, училишен обучувач во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ вели дека обуката на наставниците за националната платформа за настава на далечина одлично се одвиваше. Програмата е прифатлива лесна и се надева дека проблемот со компјутери, зашто програмата бара понова конфигурација, ќе биде надминат.

-Програмата е лесна, прифатлива, забавна и се надевма дека ќе биде и за учениците. Постои тој проблем со компјутерите, програмата бара повисока конфигурација, но се надевам дека ќе биде надминат до почетокот на наставата. има можности за наставниците преку општините и Министерството да се набавт компјутери каде што треба и дека ќе нема проблеми, вели Свеќароски.

Почетокот на наставата и како ќе се одвива очекувата преку 10 350 ученици во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп.

Back to top button
Close