Прилепчанец објавувал снимки и статуси за жена од Битола и нејзиното семејство и им се заканувал

СВР Битола поднесе кривична пријава против 32-годишниот Н.Ќ. од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „демнење“, извести МВР.

„На 06.12.2023, пријавениот на неговиот Фејсбук профил објавувал видео записи и статуси за жена од Битола и за нејзиното семејство. Имено, тој од нејзиниот профил и профилот на нејзиниот сопруг преземал фотографии и без нивна согласност ги споделувал на неговиот профил на социјалната мрежа, а воедно објавувал и видео записи на неговиот профил, упатувајќи им закани“, соопшти МВР.

Back to top button
Close