Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на патот Велес – Прилеп

Триесет и петгодишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Велес – Прилеп.

Како што информираше МВР, несреќата се случила околу 22 и 30 часот, кај селото Присад, прилепско, кога „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(26) од Прилеп, излетал од патот.

Во незгодата, сопатникот М.Х.(35) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди.

Back to top button
Close