Принцот Чарлс е позитивен, бил пред два дена во контакт со кралицата Елизабета

Засега нема детали за здравјето на Чарлс, познато е само дека последен пат се сретнал со кралицата (95) два дена пред да добие позитивен тест за корона.

Сопругата на Чарлс, Камила, продолжува да ги извршува своите обврски во Лондон и е негативна на тестот.

Дејли Мејл пишува дека кралицата засега нема никакви симптоми, но дека нејзината состојба внимателно ќе се следи. Бакингемската палата не сака да открие дали кралицата претходно се заразила со коронавирус.

Чарлс во декември изјави дека и тој и неговата сопруга примиле трета доза. Медиумите пренесуваат дека кралицата најверојатно ја примила третата доза, и дека ќе мора да оди во самоизолација само доколку добие позитивен резултат. Се верува дека кралицата ќе се тестира секој ден со брз антигенски тест, во наредните седум дена.

Принцот Чарлс беше позитивен на вирусот во март 2020 година, а потоа рече дека бил „среќен“ бидејќи симптомите биле благи.

Дејли Мејл пишува дека принцот Чарлс сосема случајно дознал дека е позитивен на Ковид-19 откако рутински бил тестиран пред да учествува на јавен настан. Овој податок сугерира дека принцот Чарлс немал изразени симптоми.

Да потсетиме, британската кралица Елизабета Втора во саботата, по повод 70-годишнината од нејзиното устоличување, рече дека би сакала војвотката од Корнвол Камила да ја добие титулата сопруга на кралот кога принцот Чарлс ќе стане крал.

Елизабет продолжила да ги извршува своите службени должности иако има над 90 години.

Но, таа ретко е видена во јавност откако поминала една ноќ во болница минатиот октомври поради неодредена болест по што лекарите и` препорачаа одмор, објави Дејли Меил.

Back to top button
Close