Принудена контрола и психичко насилство: „Имав 16 години и мислев дека е нормално“

Како знаете кога приврзаноста и љубомората стануваат контролирачки и присилни? И кога станува тоа кривично дело? Ова се некои од прашањата што документарецот на BBC Three „Дали е ова присилна контрола?” се обидува да ги разјасни.

Во септември, британската влада го направи задолжително учењето за принудената контрола во училиштата. Разликата помеѓу здрава и насилна врска не е секогаш очигледна – особено кога трајното влијание не е видливо како модринка – но може да биде исто толку штетно.

Кога Сара* имала скоро 16 години, започнала да се зближува со момче од нејзината генерација, наречено Зак*.

Откако разговараше со него неколку недели, тој ја покани да одат на свирка. На почетокот беше нервозна затоа што не беше навикната сама да излегува – па праша дали можат да дојдат и нејзините пријатели.

„Сакам да бидеме само ние, сами“ се сеќава на неговите зборови. „Ова е можност- сега или никогаш да бидеме заедно.“

На Сара навистина и се допаѓаше Зак и кога тој постојано ја повикуваше да прават работи, двајцата на само, таа знаеше дека тој се чувствува исто. Па така, и покрај тоа што се плашеше да оди сама ноќе, таа излегуваше да помине време со него. Неколку месеци подоцна тие официјално беа пар. Пред една забава на која одеа, Сара пробуваше облека. „Тоа е малку промискуитетно,“ рече тој. Верувајќи му на мислењето на Зак, Сара се одлучи за поинаков фустан. Кога Сара ќе разговараше со други момци од нејзината генерација, Зак започна да зборува дека се обидува да го направи љубоморен. „Зошто инаку би разговарала со него? Таа беше сигурна дека станува збор за невин разговор, но можеби тој беше во право, ако го тера да се чувствува така, помисли таа. Зак потоа започна да експериментира со дрога. Сара му рече дека е загрижена за него. „Престани толку да ме контролираш.“

Секојпат кога ќе ја покренеше темата, Зак ја обвинуваше дека се обидува да го контролира. Една вечер таа гуглаше: „Дали сум јас личност што контролира?“ Колку повеќе време Сара поминуваше со Зак, толку помалку ги гледаше своите пријатели. Зак рече дека тоа е нормално на почетокот на нова врска. „Како и да е, не ги сакав твоите пријатели.“ На резултатите од државната матура Зак доби две 5ки и една 4ка, а Сара доби една 5ка и две 4ки. „Знаете, тоа беше очекувано.“ Сара беше примена на факулетот кој и беше и прв избор, додека Зак реши да преполага некои испити. „Не оди, зошто би сакала да ме оставиш тука?“ ме праша. Како што стануваше се поочаен за Сара да не оди на факултет, Зак ќе кажеше дека нема ни поента да оди. “Тоа е губење пари. Јас ќе ги носам парите во куѓата, не би можел да живеам со себе поинаку.“

Сара, која сега има 23 години, вели дека првите неколку години од нивната врска „не биле лоши.“ „Она што сакам да кажам е дека не беше толку лошо колку што во иднина стана.“

Што е принудена контрола?

Принудената контрола честопати не е еден настан во врската, туку е акумулација на зборови, однесувања и закани што ги понижуваат, изолираат и контролираат жртвите – оставајќи ги без слобода и многу малку од нивното јас. Жртвите опишуваат дека емоционална злоупотреба ја доживуваат како нивно чувство на самодоверба и автономија, сè додека единствената „нормалност“ што ја знаете е таа на злоставувчот.

Природата на принудената контрола значи дека можноста да се примети злоупотреба врз себе може да биде неверојатно тешко, а во некои случаи и скоро невозможно.

текстот во целост прочитајте го на Платформ

Back to top button
Close