Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици
Авион на авиокомпанијата „Визер“, кој вчера полетал од скопскиот аеродром кон Базел, бил принуден итно да се врати и слета на Меѓународниот аеродром Скопје, откако удрил во јато птици веднаш по полетувањето, пишува порталот „24 инфо“, според чии информации, судирот предизвикал оштетување на еден од моторите на авионот.
Станува збор за летот WZZ1KX на релација Скопје – Базел, кој по кратко време во воздух се вратил назад, а слетувањето поминало без последици по патниците и екипажот.
За коментар во врска со инцидентот се обративме до директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, тој во телефонски разговор истакна дека вакви ситуации се случуваат и иако за конкретниот лет нема повеќе детали, сепак додаде дека ќе се поведе истрага која ќе треба да утврди евентуални штети и од што тие настанале, наведува 24 инфо.