Приоритет за нови ковид-болници ќе имаат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга

Вкупно 1 248 пациенти со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава. Од Министерството за здравство велат дека слободни кревети има и дека сите одделенија имаат довод на кислород.

До крајот на годинава четири модуларни болници треба да добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга. Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека приоритет ќе се даде на Куманово и Струмица каде капацитетот е најкритичен, а потоа и Гевгелија и Струга.

За изградба на монтажни болници теренот го подготвуваат и други градови како Битола, Струмица и Штип.

Засега не се размислува за нови рестрикции, бидејќи како што вели Филипче, вака димензионираните мерки постепено ја олабавуваат состојбата со ковид-19 и дополнителни рестрикции не би имале некаков позначаен ефект.

Тој апелираше да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19 особено за време на претстојните празници, за да не се предизвика нов бран на заболени од вирусот.

-Пред нас следи период на слави во кој мора да се однесуваме максимално одговорно. Мерките за забрана на групирање и домашни прослави мора да се почитуваат доследно. Домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да ја влошиме епидемиолошката состојба, да не дозволиме повотрно тоа да се случи. Има време за прослави, има време за дружење, порача Филипче.

 

 

Back to top button
Close