Припадник на МВР колабирал по примена вакцина

Припадник на МВР кој колабирал е единствена интервенција на брзата помош  на пунктот за вакцинација во спортскиот центар „A1 Арена“ каде од денеска почнува процесот на имунизација на вработените во државната инфраструктура кои се најизложени на ризик од корона вирусот. Од Итна помош за „Телма“ изјавиле дека станува збор за паника и исцрпеност кај полицаецот.

Од денеска се вакцинираат вработените во АРМ, МВР, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, како и медиумските работници. Вакцинацијата се одвива со руската вакцина Спутник V и ќе бидат вакцинирани 20.000 граѓани со дози кои како донација пристигнаа минатата недела од соседна Србија.

Во салата во спортскиот центар во „Борис Трајковски“ поставени се 48 позиции. Тимовите кои ќе ја спорведуваат вакцинацијата се од Здравствен дом-Скопје, здравствени работници кои имаа повеќегодишно искуство во имунизацијата.

Back to top button
Close