Природниот прираст негативен, во првиот квартал бројот на родени намален за 7 отсто

– Бројот на живородени деца во првото тримесечје од оваа година во споредба со истиот период лани бележи намалување од седум отсто, а во истиот квартал бројот на починати лица има зголемување од 35,8 отсто. Податоците на Државниот завод за статитстика регистрираат дека во овој период се починати 21 доенче

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2021 година изнесува 3 896. Бројот на починати лица е 6 925, а од нив 21 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и  изнесува – 3 029, што значи бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Податоците пак покажуваат дека бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 20,9 отсто во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2694 бракови. Во ова тримесечје се добиени 550 извештаи за разведените  бракови.

Back to top button
Close