Уапсен 28 годишник – Присилувал млад штипјанец да зема кредити во сума од 275.000 денари

На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Штип.

Тој се сомничи дека во периодот од октомври 2024 до 20.06.2025 со закани и присилба оштетил 21 – годишник од Штип за сума од 275.000 денари.

Според пријавеното, во наведениот период, тој се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close