Пристигна наодот од обдукцијата на убиената и закопана жена во Гостивар

Од Обвинителство информираат дека завршена е обдукцијата на починатата и според првичниот наод таа е лишена од живот со огнено оружје.
По наредба на јавен обвинител, се врши вештачење на траги подигнати од неколку локации.
Се вршат и претреси и се преземаат други истражни дејствија.
Краткотрајниот притвор за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, а јавниот обвинител до судот предложи 48-часовен притвор и за другото лице кое вчера беше задржано во полициска станица.





