Сапорт Кочани-Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Сапорт Кочани“ денеска ја презеде првата пратка со компресивни костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои пристигнаа од специјализирана фирма во Бугарија, „Хелт2000“.
На денешното предавање на донацијата присуствуваа претставници на бугарската фирма, како и на производителот „Јузо“ од Германија.
Медицински експерти од Бугарија и претставници на компанијата „Јузо“ од Германија и Холандија дојдоа за демонстрираат како се користи компресивната облека, која е важен сегмент од рехабилитацијата на пациентите кои имаат пресадено кожа.

„Сапорт Кочани“ неодамна ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека во вредност од 923.458 денари, а средствата се целосно обезбедени преку донации
Од организацијата информираат дека веќе се обезбедени средства и за втора тура на компресивна облека и им се заблагодаруваат на сите хумани луѓе што му помагаат на Кочани.
Од „Сапорт Кочани“ велат дека компресивните костуми се потребни кај пациентите кои имаат трансплантирана кожа, ги стегаат нервите и ги задржуваат виталните функции на самото место, прстите и слично, Доколку не се носат специјалните одела, некои од пациентите се во опасност од трајни оштетувања и инвалидитет.