Притвор и кривична за тројцата Суданци кои се обидоа да ограбат скопјанец во Кисела Вода

МВР информира дека денеска инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Р. Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од КЗ на РСМ.
Кривичното дело било пријавено во четвртокот, а се случило на трим патеката на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него.
По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода.
Денеска во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање при што оштетениот во целост ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело.
Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.






