Притвор за две лица од криминалот со барокната фасада на владата

На управителот на фирмата “Бауер БГ” му е одреден 30 дневен притвор, а на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Васе Донев, куќен притвор, откако денеска беа осомничени во истрагата за еден дел од случајот”Скопје 2014″, предмет на СЈО.

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје попладнево делумно го прифати предлогот на обвинителството и на првоосомничениот со Решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на второосомничениот му определи мерка куќен притвор. Предметниот обвинител за останатите двајца осомничени до Судијата на претходна постапка достави предлог на мерки за обезбедување присуство за кои судот ќе одлучува во редовна постапка.

Воедно, судијата го усвои Барањето за донесување на привремена мерка забрана на отуѓување и располагање со недвижен имот и го прифати Предлогот за издавање на решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции со предлог за привремено одземање на имот.

Back to top button
Close