Притвор за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити

Притвор е одреден за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода скопјанецот Б.А., на возраст од 25 години.

– Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР – Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари. Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признало делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка – притвор од 30 дена, појаснија од МВР.

Фото: „Фејсбук“-страница на Министерство за внатрешни работи

Back to top button
Close