Притвор за нападот на новинарската екипа во Визбегово

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје по предлог на обвинителството им определи притвор на сопствениците на отпадот кај Визбегово, кој гореше, а кои нападнаа и новинарска екипа на Алсат.

На вистинскиот сопственик на депонијата одреден му е осум-дневен притвор, додека на жената одреден и е куќен притвор, како што бараше обвинителството.

– Двете лица се осомничени за кривичното дело Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие од чл. 382 ст.3 вв. со ст.2 и ст. 1 од КЗ, а мерките се определени со цел обезбедување на осомничените, со оглед на тоа што покрај наведеното кривично дело, обвинителството ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сопственост на двајцата осомничени – соопшти Кривичен.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет.

 

Back to top button
Close