Притворен купувачот на „Аудито“ поврзано со двојното убиство во „Шиша бар“?

Скопјанец кој е под сомнение дека сторил кривично дело Убиство е во краткотраен, четириесет и осумчасовен притвор, потврдуваат и од Кривичниот суд и од Јавното обвинителство. Ниту една институција не потврдува дека уапсениот е поврзан со двојното убиство што се случи во скопската чаршија во „Шиша бар“.

„Фокус“ неофицијално дознава дека во притвор е купувачот на „Аудито“ кое беше најдено запалено по двојното убиство. Автомобилот неофицијално бил со потекло од Словенија, но бил увезен во Косово, Урошевац. Сторителите на убиството наводно го купиле од автоплац во Урошевац каде било оставено.

123

 

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на 31.05.2023 година, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, го прифати предлогот и на едно лице му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Убиство од чл. од КЗ.

Со оглед да се работи за истражна постапка за сите останати детали надлежно е јавното обвинителство, соопштија од Кривичниот суд.

Повеќе тука

Back to top button
Close