Приватните превозници пред кабинетот на Арсовска.Чекаат прием.

Приватните превозници „Слобода превоз” и „Макекспрес” денеска се собраа пред Градот Скопје.Тие бараат средба со градоначалничката на Градот, Данела Арсовска, а целта е како што додаваат, да постигнат договор за исплата на заостанатата плата.

Превозниците порачаа дека во моментов во Скопје ниту една приватна линија не вози но, доколку веднаш се договорат за исплата на долгот, уште денеска ќе продолжат со работа.

Фото – Сител ТВ

Back to top button
Close