Приведен 21-годишен велешанец, со мотоцикл удрил пешак во Велес и побегнал
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 19:40 часот во Велес, го лишиле од слобода В.Н.(21) од село Раштани, велешко.
Како што соопшти денеска МВР, В.Н. на 26.06.2025 на улица „8 Септември“ во Велес, управувајќи мотоцикл, удрил во пешакот П.З.(79) од Велес и побегнал од местото на настанот.
-Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. По преземени мерки, В.Н. е пронајден и приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР