Приведен 31-годишен штипјанец, баран со две централни потерници за шест години затвор

Приведен е 31-годишен штипјанец, баран со две централни потерници за шест години затвор, информираше Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 00:25 часот на улицата „Карл Маркс” во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, го лишиле од слобода М.П. од Штип. За него биле распишани две централни потерници по наредба на Основен суд Штип, за издржување вкупна казна затвор од шест години, за сторени кривични дела „разбојништво” по член 237 и „спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 од Кривичниот законик, појаснија од Министерството.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа за издржување на казната.

Back to top button
Close