Приведен 42-годишен кавадарчанец за физички напад врз сопругата

Четириесет и двегодишен кавадарчанец бил лишен од слобода поради физички напад врз неговата сопруга, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода П.П., затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, појаснуваат од СВР – Велес.

По документирање на настанот, како што додаваат од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Оттаму информираат и дека синоќа во 21.50 часот во ОВР – Кавадарци, Д.Г., 66-годишен кавадарчанец, пријавил дека на булеварот „Моша Пијаде“ во градот, бил каснат од куче скитник.

Back to top button
Close