Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи


Полицијата во Тетово уапси 49-годишен жител на градот поради закани упатени кон новинарка на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, на 29 октомври 2025 година, околу 12:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р. (49) од Тетово, откако претходно истиот ден, во 10:45 часот, бил пријавен од новинарката Л.В.Т. (34) од Тетово.

Според пријавата, Ф.Р. на социјалните мрежи објавувал статуси со сериозни закани по животот на новинарката и уште неколку други лица.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека осомничениот е задржан во полициска станица во Тетово, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Back to top button
Close