Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање
04.10.2025 12:30
704 Читање помалку од 1м
Вчера во 16:10 часот, полициски службеници на улицата „Кленоец“ во Охрид, го приведоа Д.В.(29) од Охрид, кој бил затекнат додека се движел низ простории од поранешната касарна во Охрид.
При обид за легитимирање, тој бил агресивен кон полициските службеници. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава