Приведен дебранец за доиздржување затворска казна

На 16 октомври од страна на полициски службеници на ОВР Дебар, врз основа на судска наредба, лишен е од слобода E.K. (25) од Дебар, за доиздржување казна затвор од три години и седум месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Како што информира МВР, за него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено на седум години и шест месеци затвор за сторено кривично дело по чл. 236, ст.1 од Кривичниот законик.

Back to top button
Close