Приведен дилер на амфетамин во Скопје

Полицијата денеска приведе едно лице бидејќи при претрес во неговиот дом пронашла поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин и марихуана, како и сад со синтетичка дрога амфетамин и вага со остатоци од амфетамин.

„Во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, денеска бил извршен претрес на ул. „Љуба Петровиќ“ кај Ж. Ј. (39) во Скопје – соопшти МВР.

Ж.Ј. е лишен од слобода и спроведен во полициската станица Гази Баба и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Back to top button
Close