Приведен дилер на дрога од кичевското село Гарани

 
 Полициски службеници од ОВР Кичево ноќеска во 00.35 часот го лишиле од слобода 38-годишниот Д.А. од кичевското село Гарани, осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, вчеравечер е извршен претрес во домот и други простории кај Д.А. во село Гарани.

-При претресот се пронајдени и одземени стебла од канабис сатива, марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, ловен патрон, ќеса со кафеава грутчеста материја.
Д.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Back to top button
Close