Приведен дилер од Битола, пронајдена марихуана

Полициски службеници од Полициската станица Битола и криминалистичката полиција при СВР Битола денеска извршија претрес во дом во Битола и патничко моторно возило во сопственост на В. Р. (38) од Битола.

При претресот е пронајдена и одземена марихуана, дробилки и други предмети со траги од марихуана. МВР соопшти дека лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.

Back to top button
Close