Приведен е Илија Стоилев актуелниот директор на Платежната агенција – се сомничи дека е затекнат како прима поткуп од 5 илјади евра

Повеќемина се приведени во акција на ОЈОГОКК и МВР која денеска е спроведена во државната платежна агенција. Во моментов на информативен разговор е задржан и Илија Стоилев, актуелниот директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.  Тој се сомничи дека бил затекнат како прима поткуп во износ од какошто дознаваме 5 илјади евра со цел да забрза процес на исплата на европски пари кои ги распределува агенцијата.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментот истражители од истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, соопштуваат од обвинителството.

Според изворите на Телма, поткупот бил баран за да се исплатат побрзо и преку ред, пари од проект финансиран од странски фондови. Дознаваме дека со истрагата е опфатен и поранешен пратеник од Струга. Истрагата продолжува, а извршени се и повеќе претреси, соопшти првично ОЈО ГОКК и најави повеќе детали за утре.

 

Back to top button
Close