Приведен е „шумар“ кој заплени исечени огревни дрва, па ги продаде
МВР информира дека вчера попладне во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево.
Имено, тој се сомничи дека како вработен во шумско претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службена положба и овластување” на тој начин што како службено лице одзел нелегално исечени огревни дрва со приколки и ги продал на лице.
По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава