Приведен крадец осуден на 20 години казна затвор

– На булевар „Србија“ во Скопје денеска во 14.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР – Скопје го лишија од слобода С.Р. (34) од Кочани, со живеалиште во Виница.

Тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово и од Основен суд Виница за доиздржување на шест години и девет месеци од казната.

Од МВР информираа дека лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено поправна установа за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close