Приведен крадец, расчистени две кривични дела

Службеници од Единицата за интервентна полиција вчера го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје, за кого била распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Чаир.

Како што соопшти утрово МВР, во полициска станица со него е извршен службен разговор во врска со извршени кривични дела на подрачјето на Шуто Оризари, при што тој појаснил дека сторил две кривични дела, и тоа „кражба“ и „тешка кражба“. 

Имено, на 28.10.2021 А.Ѓ. извршил „кражба од куќа на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Н.Ј., при што украл електричен тротинет, кој бил пронајден и вратен на сопственикот. Делото „тешка кражба“ го извршил на 07.11.2021 од куќа сопственост на Ш.С., од каде украл повеќе разни предмети. Дел од нив, како што е наведено во соопштението од МВР,  меѓу кои и агрегат за струја, биле пронајдени и вратени на оштетениот. 

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот за двете кривични дела, против А.Ѓ. ќе биде поднесена  соодветна кривична пријава

Back to top button
Close