Приведен крадец во Скопје, на автобуска станица насила од жена одзел паричник и телефон

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.З. (32) од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба на дрзок начин”, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена.

На 17.11.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје Х.Д. (44) пријавила дека околу 11.50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила и одзело паричник и мобилен телефон.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презедоа мерки и активности и го расчистија случајот, Џ.З. е лишен од слобода и поднесена е соодветна кривична пријава.

 

Back to top button
Close