Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

 

 Полициски службеници од СВР Велес, синоќа во 22:40 часот во близина на наплатна станица на автопат Велес – Градско го привеле Ј.Р.(44) од Гостивар, кој се барал со потерница од Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор од две години за извршено кривично дело „тешка кражба“.
Лицето Ј.Р., како што соопшти МВР, ќе биде предадено на казнено поправна установа.

Back to top button
Close