Приведен криминалец од гостиварско баран со потерница за затворска казна од три години

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, ноќеска, педесетина минути по полноќ, со судска наредба го привеле 24-годишниот А.Б.од гостиварски Балиндол, осуден на тригодишна затворска казна за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, по приведувањето А.Б. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово” во Скопје за издржување на казната.

Back to top button
Close