Приведен криминалец од Тетово

Инспектори од Одделот за криминалистичка полиција – Тетово синоќа во 20.10 часот на тетовската улица „Љуботенска“ го привеле тетовчанецот Ј.Ј. (22), осомничен дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што денеска информираа од МВР, при извршен преглед од страна на полициските службеници, кај Ј.Ј. била пронајдена марихуана.

– Лицето е задржано во Полициска станица Тетово за документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР.

Back to top button
Close