Приведен криумчар кој превезувал тројца мигранти

 

 На автопатот Демир Капија-Неготино, кај наплатна рампа Демир Капија, синоќа во 21:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово” сопреле патничко возило „мерцедес Ц 200″, со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(26) од Струмица.

Како што информираат од МВР, при  извршена контрола во возилото било констатирано дека во него се превезувале Б.С.(22), М.М.(23) и Д.М.(27), сите од Турција, кои немале уредни патни исправи.

-Од извршената проверка било констатирано дека тие немаат остварено влез во државата на официјален граничен премин. Сите четворица биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Back to top button
Close