Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти

 

Четириесет и двегодишен кавадарчанец е приведен ноќеска на излез од Гевгелија бидејќи во возилото кое го управувал пронајдени се осум мигранти.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека околу 01:15 часот на местото викано „Македонија пат” на излез од Гевгелија приведен е М.К. од Кавадарци. Во возилото марка „мазда 6″ со германски таблички најдени се осум мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.

М.К. е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава.

Back to top button
Close