Приведен кумановец за злоупотреба на туѓа платежна картичка

Кумановската полиција вчера во 09.30 часот го лишила од слобода кумановецот Р.Х. (48), кој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари.

Како што информираат од МВР, платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close