Приведен малолетник во автобус на ЈСП, носел нож

Во автобус на ЈСП Скопје полицијата вчера привела малолетник, кој со себе носел нож, соопшти Министерството завнатрешни работи.

„Вчера во 12.30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Карпош бил приведен малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Back to top button
Close