Приведен охриѓанец, предизвикал пожар на глисер на неговиот брат, следува пријава

На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид.

Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул.„Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.

З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Back to top button
Close