Приведен скопјанец баран по централна потерница

 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 15:15 часот на улица „Бајрам Шабани“ во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Ф.С.(26).

Од МВР информираат дека лицето било барано по распишана централна потерница за издржување казна затвор од три години и дека ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Back to top button
Close