Приведен скопјанец по претрес во неговиот дом

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 06:15 часот го лишиле од слобода скопјанецот А.С., на возраст од 49 години, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров била пронајдена и одземена марихуана, појаснуваат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close