Приведен скопјанец за издржување казна затвор

Полициски службеници денеска привеле скопјанец за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“, аоопшти вечерва МВР.

– Денеска во 13:30 часот на ул.„Мариовска” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле А.Ј.(32) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 3 од Кривичниот законик се наведува во соопштението на Министерството.

Лицето било предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Back to top button
Close