Приведен возач во Тетово кој возел под дејство на алкохол
Полициски службеници вчера привеле возач во Тетово кој возел со 2,63 промили алкохол во крвта.
-Синоќа во 22:26 часот на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода С.Н. (52) од с.Жилче, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.